Войти:
Оценок - 0, средний балл: 0 ( )

Инструкция по эксплуатации LG, модель 50PN450B

Производитель: LG
Размер: 39.37 mb
Название файла:
Язык инструкции:ruplhrenbgethuskcslvltro
Перейти к скачиванию



Фрагмент инструкции


Особено внимавајте на приклучоците, штекерите и местото каде кабелот излегува од уредот. y y Не притискате силно на панелот со рака или остар предмет, како нокт, молив или пенкало, и не гребете го. y y Избегнувајте допирање на екранот или задржување на прстите на него подолго време. При ова може да се предизвикаат некои привремени ефекти на изобличување на екранот. y y При чистење на производот и неговите компоненти, прво откачете го кабелот за напојување и потоа избришете го производот со мека крпа. Примена на прекумерен притисок може да предизвика гребење или губење на бојата. Не прскајте вода на производот и не бришете го со влажна крпа. Никогаш не користете средства за чистење стакло, индустриски или средства за давање сјај за автомобили, абразиви или восок, бензол, алкохол итн., кои може да го оштетат производот и неговиот панел. Во спротивно може да дојде до пожар, електричен удар или оштетување на производот (деформација, корозија или кршење). y y Сe додека уредот е поврзан на ѕиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на напојување иако можеби вие сте го исклучиле со ПРЕКИНУВАЧ. y y При откачување на кабелот, држете го за приклучокот и повлечете. Ако жиците во кабелот за напојување се прекинати, може да дојде до пожар. y y При преместување на производот, внимавајте прво да го исклучите напојувањето. Потоа, откачете ги каблите за напојување, антенските кабли и сите кабли за поврзување. Телевизорот или кабелот за напојување може да се оштетат и да предизвикаат пожар или електричен удар. 9 ММАККЕДОНСКИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА y y При преместување или распакување на производот, заради неговата тежина работете по двајца. Во спротивно, може да дојде до повреда. y y Контактирајте го сервисниот центар еднаш годишно за да се исчистат внатрешните делови на уредот. Насобраната прашина може да предизвика механички оштетувања. y y Наведете ги сите сервисирања на овластени сервисни лица. Сервисирање е потребно кога уредот е оштетен на каков било начин, како во случај на неисправност на кабелот за напојување или приклучокот на кабелот, прскање на течност или кога објекти паднале во уредот, изложување на уредот на дожд или влага, кога тој не функционира нормално, или доколку се испушти. y y Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да се појави мало “треперење”. Ова е нормално, кај производот нема никаков проблем. y y Панелот е производ со висока технологија, со резолуција од два до шест милиони пиксели. На панелот може да се видат мали црни точки и/или светло обоени точки (црвени, сини или зелени) со големина од 1 ppm. Ова не укажува на дефект и не влијае врз перформансите и сигурното функционирање на производот. Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни и не може да биде причина за замена или враќање на пари. y y Во зависност од местото на гледање може да забележите различна осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу). Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е поврзано со перформансите на производот, и тоа не претставува неисправност. y y Долготрајното прикажување на неподвижна слика (на пр. емитување на лого на канал, мени на екран, сцена од видео игра ) може да предизвика оштетување на екранот, што резултира со ефект познат како врежување на сликата. Гаранцијата на производот не го покрива врежувањето на сликата. Избегнувајте прикажување на неподвижна слика на екранот од телевизорот подолго време (2 или повеќе часови за LCD, 1 или повеќе часови за плазма). Исто така, ако подолго време гледате телевизија со сооднос на сликата 4:3, може да дојде до врежување на сликата на рабовите на панелот. Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни и не може да биде причина за замена или враќање на пари. y y Генериран звук Звук на “крцкање”: Звукот на крцкање кој настанува за време на гледање или исклучување на телевизорот се генерира при термичко собирање на пластиката заради температурата и влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаѓа до термички деформации. Брмчење на електричните кола/зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од колата со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи количини на струја за функционирање на производот. Шумот се разликува во зависност од производот. Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното функционирање на производот. 10 ММАККЕДОНСКИ ПОСТАПКА ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ / СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА ЗАБЕЛЕШКА y y Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор. y y OSD (On Screen Display - приказ на екранот) може малку да се разликува од приказот што е даден во ова упатство. y y Достапните менија и опции може да се разликуваат во зависност од влезниот извор или моделот на производот кој го користите. y y Во иднина, на овој телевизор може да му бидат додадени нови функции. y y Телевизорот може да се стави во режим на подготвеност за да се намали потрошувачката на енергија. Освен тоа, телевизорот треба да го исклучите доколку нема да работи некое в...


Напишите ваш отзыв об устройстве



Текст отзыва
Ваше имя:
Введите две цифры:
capcha





Категории