|
Фрагмент инструкции
Пред перењето треба да го ограничите движењето на лентите. Предперење на памук Вашата нова машина, во комбинација со современите детергенти, ќе постигне извонредни резултати при перењето, заштедувајќи енергија, време, вода и детергент. Сепак, доколку вашите памучни алишта се многу валкани, користете предперење со детергент на база на протеини. 02 ПЕРЕЊЕ НА перење на алишта _29 перење на алишта Одредување на капацитетот на полнење Не преполнувајте ја машината бидејќи вашите алишта можеби нема да се исперат добро. Користете ја оваа табела за да ја одредите количината на облеката за перење во зависност од нејзиниот вид. Вид на ткаенина Капацитет Модел WF1124 Cotton (памук) - средно/малку валкано - многу валкано 12,0 kg Synthetics (Синтетика) 5,0 kg Denim (Тексас) 3,0 kg Bedding (постелнина) 2,5 kg Outdoor Care (грижа за облека за надвор од домот) 2,0 kg Wool (Волна) 2,0 kg • Доколку облеката не е избалансирана (“UE” засветува на екранот), прераспределете ги алиштата. Ако алиштата не се рамномерно распоредени, ефикасноста на центрифугирање може да се намали. • При перење на постелнина или прекривки за постелнина, времето за перење може да се продолжи или ефикасноста на центрифугирање може да се намали. • За постелнина или прекривки за постелнина, препорачаниот капацитет на полнење е 2,5 kg или помалку. Ставете ги градниците (оние кои се перат) во мрежата за перење (се купува дополнително). • Металните делови од градниците може да го пробијат материјалот и да ја оштетет машината. Затоа овој тип на облека ставете го во мрежа за перење. • Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња може да се заглават околу вратата. Ставете ги во мала мрежа за перење. Немојте да ја перете само мрежата за перење без други алишта. Ова може да предизвика ненормални вибрации кои можат да ја поместат машината за перење при што може да дојде до несреќен случај и повреда. ВНИМАНИЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕТЕРГЕНТИ И АДИТИВИ Кој детергент да го користите Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и видот на валканоста. Секогаш употребувајте детергент за перење кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење. Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Доколку не знаете колку е тврда водата, информирајте се кај локалните органи за водоснабдување. Немојте да користите детергент кој се стврднал, бидејќи детергентот може да се задржи и по циклусот на плакнење. Може да дојде до неправилно плакнење на машината или блокирање на истекот за претекување. 30_ перење на алишта Фиока за детергент Машината за перење има одделни прегради за детергент и омекнувач. Додадете ги сите адитиви за перење во соодветните прегради пред вклучувањето на машината за перење. Не отворајте ја фиоката за детергент додека машината за перење работи бидејќи може да се изложите на топла вода или пареа. 1. Извлечете ја фиоката за детергент на левата страна од контролната плоча. 2. Додадете ја препорачаната количина на детергент директно во преградата за детергент пред вклучувањето на машината за перење. За користење на течен детергент, користете ја кутијата за течен детергент (погледнете го делот за “течен детергент” за соодветниот модел). • Не додавајте детергент во прав во кутијата за течен детергент. 3. Додадете ја препорачаната количина на омекнувач во преградата за омекнувач доколку е потребно. НЕ НАДМИНУВАЈТЕ ја линијата MAX FILL ( ). НЕ додавајте никакви течни детергенти или ВНИМАНИЕ детергенти во прав во преградата за омекнувач ( ). 4. При користење на опцијата Prewash (предперење), додадете ја препорачаната количина на детергент во преградата за предперење . При перење на големи работи, НЕ ги користете следните типови на детергент. • Детергенти од тип на таблети и капсули • Детергенти кои користат топка и мрежа Концентрираните или густите омекнувачи треба да се разредат со малку вода пред да се стават во преградата (на овој начин се оневозможува блокирање на одводот). Внимавајте омекнувачот да не се прелие, откако ќе ја затворите фиоката за детергент и ќе додадете омекнувач во преградата за детергент за плакнење. Течен детергент (одредени модели) МАКС За користење на течен детергент, ставете ја кутијата за течен детергент во главниот дел за перење од фиоката за детергент и ставете течен детергент во кутијата за течен детергент. • НЕ ПОЛНЕТЕ над линијата MAX. • Кога користите детергент во прав, отстранете ја кутијата за течен детергент од фиоката за детергент. Детергентот во прав не може да се испушти преку кутијата за течен детергент. • По перењето, во фиоката за детергент може да остане малку течност. Кутија за течен детергент 02 ПЕРЕЊЕ НА перење на алишта _31 чистење и одржување на машината за перење Со одржување на чистотата на машината за перење се подобрува нејзиното функционирање, се избегнуваат непотребните поправки и се продолжува ...
Эта инструкция также подходит к моделям:Стиральные машины - WF1124XAC/XSE (91.66 mb)